За прв пат во Прилеп! Утре во Домот на културата “Оперска гала вечер”

Утре, 25.12.2018, со почеток од 19:00 часот, во Домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, ќе се одржи Новогодишен гала концерт.

Концертот е во организација на Здружението на оперски уметници “Операти” на кое претседател е нашиот сограѓанин, првенецот на Македонската опера и балет, Марјан Јованоски.

Покрај Јованоски, на концертот ќе настапат и останатите членови на здружението, меѓу кои: Младиот тенор од Прилеп, Илија Белистојаноски, сопранот Злата Тошевска, тенорот Никола Стојчевски и сопранот Гонца Богоромова – Краповски.

Како пијанисти – корепетитори на концертот ќе настапат маестро Иван Еминовиќ и Милан Јанкуловски.

Ова е прва Новогодишна оперска гала од ваков тип во Прилеп.

Ваков културен перформанс прилепчани заслужуваат да го видат и чујат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.