Oна што пред извесно време беше најавено станува реалност. Основното училиште “Kлимент Охридски” од Прилеп ја доби својата специјална сензорна соба за каде децата со аутизам ќе посетуваат настава.
Оваа соба ќе има улога во стимулацијата на сетилата на овие дечиња, за кои немањето на ваков простор беше вистински проблем.
“За прв пат во општината, ние како училиште се надеваме дека ќе му помогнеме на дечињата со овој тип на аутизам, да можат да постигнат зголемување на свесноста, и да можат да поттикнат позитивно однесување кај нив и кај дечињата со дисфункција на сензорната интеграција”, напиша на својот фејсбук профил директорот на училиштето Ахил Јаков.