Најмладите момчиња и девојчиња во Прилеп имаат ново место каде да се облечат од глава до пети. Прилепската чаршија е побогата со уште еден продажен објект на веќе докажаниот моден бренд.
Сопствениците на добро познатиот бутик REPUBLIC ја проширија својата дејност и го отворија REPUBLIC KIDS, урбано катче каде ќе најдете модерна бајка за вашите најмили.
Бутикот се наоѓа отспроти спомен обележјето на Пеце Атанасовски. Го краси еден посебен шарм, мирис на ново, стилска уреденост и пред се голема снабденост.
За квалитетот нема да ви раскажуваме, и самите веќе добро знаете дека сопствениците се познати по тоа што нудат врвен квалитет на своите муштерии. Не случајо REPUBLIC e eдна од главните дестинации во чаршијата за купување облека, и тоа не само за прилепчани, туку и за многумина кои доаѓаат од други градови.
Во REPUBLIC KIDS ќе најдете буквално се’ за вашите најмили, од лежерна и секојдневна облека, до модерна гардероба за свечени моменти, родендени, излегувања… Вашите дечиња ќе блескаат во секоја пригода.
Целта на сопствениците е да им понудат на купувачите врвен избор, квалитет и удобност, а сето тоа по пристојни цени достапни за сечиј џеб.
Велат дека REPUBLIC KIDS ќе биде место кое ќе зрачи со посебна љубов, бутик каде детските среќни очи ќе бидат најважни и каде малите господа и дами секогаш ќе го добиваат НАЈДОБРОТО! Всушност неговото височество – детето тоа секогаш и го заслужува.
На сопствениците им посакуваме успешна и плодна работа, а вам ви препорачуваме уште денеска да ги посетите.
Нека вашите најмили чекорат со самодоверба и растат во удобност!
Во продолжение погледнете дел од понудата: