За повеќе од седумстотини првачиња започна учебната година

32

Повеќе од седумстотини првачиња од единаесетте основни училишта во Општина Прилеп седнаа во училишните клупи. На првиот училишен ден од новата 2015/2016 учебна година градоначалникот Ристески ги поздрави првачињата посакувајќи им многу успех во учењето притоа порачувајќи им дека ова се едни од најубавите моменти во нивниот живот кои никогаш не се забораваат.
Градоначалникот Ристески во ОУ „Кочо Рацин“ истакна дека со средства од буџетот на општината комплетно е променета дограмата во ова основно училиште и додаде дека планирано е средување на дворното место и оградата на основното училиште во населбата „Рид“ како и почеток на изградба на спортска сала и нова фасада во централното училиште. Општина Прилеп и во иднина ќе вложува во образованието со цел подобување на условите за следење на наставата.
За околу 10.300 ученици од основните и средните училишта од Општина Прилеп започна новата учебна година.

[Best_Wordpress_Gallery id=”27″ gal_title=”За повеќе од седумстотини првачиња започна учебната година”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.