Македонската православна црква и нејзините верници на 27 октомври го празнуваат денот на преподобната Мајка Параскева – Света Петка, заштитничката на жените и светица која им помагаше на болните и сиромашните.
Црквата во изградба “Св. Петка” во прилепско Волкосело за престојниот празник Преподобна маченичка Параскева – св. Петка, во манастирскиот комплекс организира света литургија и ручек за сите гости кои ќе го посетат истиот.
Портите на црквата “св. Петка” ќе бидат отворени за сите верници и добронамерници кои ќе дојдат да запалат свеќа, да се помолат за здравје и да уживаат во празничниот ден.
Црковниот одбор ги поканува сите верници да присуствуваат на одбележувањето на овој голем христијански празник. Литургијата започнува во 10 часот пред параклисот на св. Петка Римјанка во кругот на манастирот во изградба.