Во четвртокот во Монако се одржа жребот за Лигата на шампионите, а во една од најинтересните групи се најде и екипата на Ливерпул. Тимот на Клоп го комплетираше распоредот кој го очекува во наредниот месец и кој ги загрижи навивачите на Ливерпул.
Истиот ден Ливерпул дозна дека во рамките на “Кабрао Купот” ќе игра против Челси, што е уште една тешка околност за моментално една од најсилните екипи во Англија.
Во Европа ќе има уште потешка задача. Жребот одлучи црвените од Ливерпул копјата да ги вкрстат со ПСЖ, Наполи и Црвена Ѕвезда.
Тука е уште и Премиер лигата, каде целта е конечно освојување на шампионската титула. Во густиот распоред од најголемите ривали ги очекува дуелот со Манчестер Сити. Септември е месец за одлука за Клоп!