Студија која опфатила 400 семејства со повеќе браќа и сестри, од кои едното дете било на возраст од 10-14 години, покажала дека да се има сестра во семејството е гаранција за подобро ментално здравје кај останатите деца.
Резултатите исто така покажале дека оние деца кои имаат сестра имале поголем капацитет да сочувствуваат, комуницираат и решаваат конфликти.
Лаура Падила Вокер, професор на факултетот за семеен живот и автор на проектот вели дека девојчињата се повеќе комуникативни од момчињата. Да имаш сестра значи дека ќе можеш полесно да зборуваш за своите животни проблеми.
Таа додава дека момчињата кои се пораснати со сестра ќе станат подобри во комуникацијата со сите девојки генерално.
Студијата покажала и дека кога родителите ќе починат, сестрите прават се’ за да го задржат семејството заедно.
Затоа бидете добри со вашите сестри, тие се богатство во вашиот живот кое сигурно ве направило подобри луѓе.