За нејзината невиност се заинтересирани тројца милионери: Тинејџерка ја продава својата невиност преку сајт, а цената достигна астрономска сума (ФОТО)

Eјми (19) од Лондон ја продава својата невиност преку специјализираниот сајт “Синдарела ескортс” (Cindarella Escorts), за да може да живее подобро и да му помогне на семејството, а цената веќе се вивна до небото и достигна 1.200.000 евра.

Во потрага “по оној вистинскиот”, Ејми веќе била на состанок со тројца богаташи: банкар од Волстрит, германски бизнисмен и фудбалер, за кој рекла дека е “супер кул”.

 

Сајтот “Синдарела ескортс” тврди дека лекар утврдил дека Ејми е невина и дека и’ издал сертификат. Ејми тврди дека се посоветувала и со психијатар пред да се одлучи на ова.

“Сакам да ја продадам невиноста затоа што долго и длабоко размислив за тоа. Ова ми е прва прилика да го подобрам мојот живот, да му помогнам на семејството, онолку колку што тие ми имаат помогнато мене”, вели Ејми и додава: “Би сакала да го пропатувам светот, да се стекнам образование. Сфатив дека продажбата на невиноста е фантастична можност”.

Oсвен што е млада и убава, Ејми во своите квалитети кои ги навела на сајтот тврди дека сака суши, шопинг, шампањ и патување по светот.

“Тоа е мое тело и мислам дека имам право да правам она што сакам”, завршува таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.