Доколку веќе направивте ајвар можете да подготвите декоративни и многу вкусни солени стапчиња кои се добредојдени за ненајавено доаѓање на гости.
За тестото потребно е:100 мл млеко, 250 г путер, 700 г брашно, 1 кесичка сув квасец, 100 гр кисела павлака, 1 јајце, 2-3 лажичиња сол
за филот: ајвар, бело сирење
за премачкување: 1 јајце и семки по желба (сусам, ким, афион…)
Подготовка:
– Во еден сад на рингла ставете ги млекото и путерот и оставете додека да се растопи путерот.
– Во друг сад измешајте ги останатите состојки и додадете го млакото млеко. Замесете тесто.
– Со сукало раширете го тестото на набрашнета работна површина со дебелина од најмногу 1 см и со правоаголен облик.
– Половина од тестото премачкајте го со дебел слој од ајварот и одозгора изрендајте од сирењето.
– Втората половина од тестото преклопете ја над ајварот и притиснете за да се спои.
– Тестото прво исечете го на пола и потоа сечете ленти со широчина 1-2 см.
– Секоја лента завиткајте ја како спирала и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со изматено јајце и посипете со семки по желба. Оставете ги да стојат 10-15 минути.
– Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-30 минути, односно додека да поруменат.
Извор: “Pressingtv.mk”