За невocпитано дете казна и до 4.000 евpa: Хрвaтcка ќе yдpи по џебот на poдителите

Министерството за внатрешни работи му предложи на Собранието итно да се донесе нов Закон за прекршоци против јавниот ред и мир со драстично повисоки казни.

Хрватското МВР поднесе предлог за измена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со што драстично се зголемуваат казните.

Досега највисоката казна за некои прекршоци беше 170 евра, а според предлогот на хрватското МВР, горната граница во иднина ќе биде дури 4.000 евра, пренесуваат хрватските медиуми.

Според тоа, максималната казна од 4.000 евра ќе им се заканува на оние кои го нарушуваат јавниот ред и мир „со изведување, репродукција на песни, композиции и текстови или носење или прикажување симболи, текстови, слики, цртежи“. Досега казната за овој прекршок беше од 20 до 150 евра.

Станува збор првенствено за посочување на симболи или извикување усташки или нацистички пароли. Но, со истата казна се закануваат и оние кои шират лажни вести, родителите чии непристојни деца го нарушуваат јавниот ред и мир и лицата кои ги навредуваат службените органи.

Казна до 2.000 евра може да се изрече за тепачка и расправија на јавно место, а до 1.000 евра за пиење на јавно место и давање алкохол на малолетници.

Посебно е интересно што на родителите на малолетните деца им се закануваат високи казни, до 4.000 евра, доколку нивното дете направи прекршок против јавниот ред и мир, а се докажува дека тоа е последица на лошо воспитување или негрижа.

Министерството за внатрешни работи му предложи на Собранието итно да се донесе нов Закон за прекршоци против јавниот ред и мир со драстично повисоки казни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.