“ЗА НАС ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Е КАКО ТРАГЕДИЈА БИЛО КАДЕ КАЈ НАС” Вучиќ ги посети повредените кои ги прифати Србија

Уште еднаш изразувам сочуство до нашиот братски народ во Македонија , порача српскиот претседател  Александар Вучиќ , посетуваќи ги повредените кои се згрижени во Универзитетскиот клинички центар во Србија.

Заедно со Вучиќ се и министерот за здравство Златибор Лончар, како и директорката на УКЦ Србија Јелена Друловиќ.

Овде лежат 9 од нив, степенот на изгореници е од 4% до многу повеќе, да не ги плашам роднините. Невозможно е во Европа да се најдат подобри услови одколку овде во Белград. Ќе дојдат уште 12 пациенти, ги имаме и на ВМА и во Клиничкиот центар во Ниш. Мислам дека тоа се подразбира, за нас трагедијата во Кочани е како трагедија било каде кај нас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.