За многу години! Со Света Архиерејска Литургија во Прилеп, одбележан празникот Св. Три Светители – “Денот на бакалите” (ВИДЕО)

Во црквата Св. Благовештние денеска се одржа Божествената Литургија каде што беше одбележан празникот Светите Три Светители (Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов), познат уште како „Денот на Бакалите“. Со литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар.

Бакалите, односно трговците и дуќанџиите од Прилеп велат дека овој ден се празнува уште од 1954 година и претставува традиција на прилепскиот еснаф која што верно ја одржуваат низ годините.

После црковната литургија бакалите се збираат на заедничка трпеза и со дружба го одбележувааат својот патрон празник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.