За малиот Андреј Христоски! Учениците од средните училишта од Прилеп ја покажаа својата хуманост! (ФОТО)

На 23 и 24. ноември во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, се одржа хуманитарен турнир во футсал, на кој учество зедоја ученици од средните училишта во Прилеп.

Средствата собрани од турнирот ќе бидат донирани за лечење на малиот Андреј Христовски, кој боледува од душенова мускулна дистрофија.

Од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” упатуваат голема благодарност до организаторите на турнирот, и тоа: „Младинската огранизација – Ричко“, Сообраќајната единица од Ричко, медицинските лица др. Верица Миноска и медицинските сестри Наташа Ангелеска и Даниела Мицеска, професорите по спорт во училиштето, учениците од спортската гимназија за нивната хуманост и несебична поддржка во текот на двата дена од турнирот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.