За Лени Кравиц нема “Северна” туку само Македонија: Пред концертот во Скопје, познатиот музичар ги освои симпатиите (Видео)

Светската музичка ѕвезда Лени Кравиц пред денешниот концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје се прошета низ центарот на градот и низ Стара чаршија, а тоа го овековечи во видео постирано на неговите профили на социјалните мрежи, во кое земјата ја именува само како Македонија.

„Скопје, Македонија, Стара чаршија. Прекрасен ден со средби со прекрасни луѓе.#ТукаЗаЉубов“, напиша легендарниот пејач, текстописец и продуцент со продадени околу 38 милиони албуми.

Именувањето на државата како Македонија, а не со додавката „Северна“, предизвика лавина реакции кај грчките корисници на социјалните мрежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.