На само еден километар од центарот на градот, минатата пролет во Прилеп требаше да започне изградбата на првиот мол, а прилепчани конечно требаше да добијат шанса да не одат на шопинг во останатите градови.
Во градот под Марковите Кули подолго време се најавуваше изградбата на новиот STRIP MALL, објект кој требаше да се простира на 9.000м2 површина, во непосредна близина на “Паркот на револуцијата”, веднаш до регионалниот пат Прилеп-Битола.
На располагање на купувачите се најавуваа над 30 реномирани интернационални брендови, кои за Прилеп требаше да донесат голем економски бенефит.
За жал објектот не е ниту на повидок да започне да се гради, а најавите беа дека ќе биде готов до крајот на 2024година.
Според неофицијални информации, на потег се надлежните во општинската администрација и Советот да си ја завршат работата и во Прилеп конечно да започне изградба на ваков репрезентативен објект.
Инаку STRIP MALL PRILEP требаше се гради по урнекот на така наречените стрип и плаза центри во САД, односно низа на продавници да бидат наредени во линија во еден голем објект, со посебни влезови кон секоја од продавниците од надворешниот дел на објектот.
Според пресметките тогаш, на име комуналии во општинската каса треба да се слеат околу 350.000 евра, сума која со сигурност ќе значи голем финанскиски импулс во општинската каса, пред се’ за реализација на нови проекти од интерес на граѓаните.
Исто така тоа предвидено е новиот шопинг мол да понуди разни забавни соджини за најмалите, како и угостителски простор.