За влакно и избега на смртта: Кралицата на народната музика итно хоспитализирана

lepa-lukic-opljackana-foto-dragana-udovicic-1478472729-1029163

Пејачката Лепа Лукиќ води уште една битка, овој пат здравствена. Музичката ѕвезда благодарение на брзата интервенција на лекарите, избегна инфаркт.

“Се се случи многу брзо, бидеќи на Лепа и се појави голема болка во градите. Почувствувала како срцето и лупа мнпгу силно и повикала Брза помош. Лекарите брзо пристигнале и и’ го измериле крвниот притисок, кој и бил многу висок. Бидеќи сеуште се жалела на болки во градите, а лекарите не успеале да и го намалат притисокот, веднаш со возилото на Брзата помош е пренесена во болница. Се сомневале дека срцето и е загрозено и дека и се заканува инфаркт. Лепа цела ноќ ја поминала на инфузија, преку која и давале лекови. За среќа лекарите брзо реагирале и спречиле да дојде до озбилна сиутуација”, изјавил изворот за српските медиуми.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.