Под мотото „За Бадник и Божик никој не треба да биде сам”, Општина Кавадарци и оваа година на градскиот плоштад ќе организира празничен ручек.
Идејата за бадниковиот ручек минатата година беше на Горан Филипов, готвач кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија, тогаш зготвија голем број празнични порции.
Целта на настанот е сите кавадарчани, кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, сами или осамени, да ја почувствуваат празничната магија и заеднички да се дружат на празнична трпеза со своите сограѓани.