ЗАЧЕСТЕНА КРИЗА И СТРАШНА ХАЛУСЦИНАЦИЈА МЕ ТРЕСИ… НИШТО НЕ ГЛЕДАМ, НИШТО НЕ СЛУШАМ… ПИШУВАМ СО МОРЗЕОВА АЗБУКА… МОРАМ, СИ ИМАМ МАКА ОД МАЛ, КОГА ПОУБАВО СИ ЖИВЕЕВМЕ, КОГА НИ РАСКАЖУВАА ЗА СЕЛСКА ИДИЛА И ПОРОЦИТЕ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ. ИИИИИ БИДНА… КОНЕЧНО И ГРАДОТ ВО КОЈ ШТО ЖИВЕЕМЕ СТАНА ГРАД!!! НЕ Е ПОВЕЌЕ НА НИВОТО ОД ВРБЈАНИ, КРАПА ИЛИ ЛАГОВО, ДЕНЕС ПРИЛЕП Е ГРАД!!! ДЕНЕС НЕ ВЕЛАТ ПОВЕЌЕ ДЕКА ПРИЛЕП Е НАЈГОЛЕМОТО СЕЛО… АМА МОИВЕ ОЧИ СЕ НАСОЛЗЕНИ, СЕКОГАШ!!! ПАТАМ ЗА ПРИЛЕП ОД МИНАТОТО, ПРИЛЕП БЕЗ ВОДА, СТРУЈА, БЕЗ АСФАЛТ И СО ЛЕПЕШКИ ПО КАЛДРМИТЕ!! ГО САКАМ ПРИЛЕП ВО ТЕМНИЦА, ПРИЛЕП БЕЗ ИНДУСТРИСКИ ЗОНИ, ГО САКАМ ПАРКОТ НА МОГИЛАТА И ЕРГЕЛИТЕ СО КОЊИ И МАГАРИЊА ВО НЕГО!!! ПЛАЧАМ ЗА ТРИЗЛА, ТАА СТАРА НАСЕЛБА БЕЗ ВОДА И СТРУЈА СО ЗАТНАТО РЕЧНО КОРИТО, СОЛЗАМ ЗА ПРАСТАРИОТ ВАРОШ И МАЛКУТЕ ДЕНОВИ СО ВОДА ВО СЛАВИНИТЕ!!! МНОГУ МИ НЕДОСТАСУВА СТАРИОТ ВЛЕЗ ЗА ПРИЛЕП, ТОЈ ШИРОК И ОСВЕТЛЕН ВЛЕЗ, КАКО ШТО БЕШЕ ПРЕД ЕДНА ДЕЦЕНИЈА. ГИ САКАМ НАЗАД РУИНИРАНИТЕ УЧИЛИШТА И МУВЛОСАНИТЕ СПОРТСКИ САЛИ ВО УЧИЛНИЦИТЕ!! ХАЛУСЦИНИРАМ ЗА СТАРИТЕ ГРАДИНКИ И ТОПОЛИТЕ НАД ПЛАСТИЧНИТЕ БУТКИ ВО ЦЕНТАРОТ. КРИЗИРАМ, А НЕМА ЛЕК НИ ШАНСА ПАК ДА ГИ ВИДАМ ПРИЛЕПСКИТЕ ГИГАНТИ ВО ЕКОНОМИЈАТА… ГИ НЕМА НИ АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ СО АВТОБУСИ ОД “ЦРН БОР”, “БИЛЈАНА”, “СОЛИДНОСТ”, ,ДИМЧЕ БАЊАРОТ”, РИДТЕКС”, ПОЛИТЕКС”… А, ЗОШТО ГИ НЕМА??? НЕ МОЖАМ ДА ОДГОВОРАМ… НЕМА НИ КОГО ДА ПРАШАМ. ОПКРУЖЕН СУМ СО ДЕСТРУКТИВЦИ, НЕМАМ ИДЕЈА ШТО ПОНАТАМУ, КРИЗАТА МЕ УБИВА! ЕХ ДА МОЖЕВ И ЈАС ДА БИДАМ… ТОА ШТО САКАМ. АМА НЕ МОЖАМ, ИМАМ КОД, ЛОШ КОД! СЕПАК, ИМА НАДЕЖ, СЕВЕРНА КОРЕЈА ОТКРИЛА ЛЕК ЗА СЕ!! ЌЕ ГО НАЈДАМ И ВЕНСКИ ЌЕ ГО ПРИМАМ … ЗА ДА СЕ ВРАТАМ ВО РЕАЛНОСТА… ВО ПРИЛЕП ВО МОЈОТ УБАВ И УРБАН ПРИЛЕП… ПРИЛЕП СЕГА ДОСТОЕН ЗА КОМПАРАЦИЈА СО ДРУГИ ГРАДОВИ.. ПРИЛЕП СО НОВИ УЛИЦИ, УЧИЛИШТА, ПРИЛЕП СО ИНВЕСТИЦИИ! ПРИЛЕП СО НАСМЕАНИ ЛИЦА, А НЕ НЕКРОФИЛИ УДАВЕНИ ВО КОМПЛЕКС.
Автор: ГОРД ПРИЛЕПЧАНЕЦ