Шпанското обвинителство побара денес од Националниот суд во мадрид фудбалерот Нејмар да го казни со затворска казна во времетраење од две години и парична казна од 10,6 милиони евра.
Нејмар е обвинет за корупција и нерегуларности за време на неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година.
Обвинителите од Националниот суд побараа иста затворска казна и за Нејмар и за неговиот татко, додека за поранешниот претседател на Барса побарана е казна од пет години.
Постапката е покрената по жалба на бразилскиот инвестициски фонд DIS кој тврди дека е оштетен, односно дека му била оневозможена надокнада за трансферот на фудбалерот.