Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска соопшти дека врз основа на надлежните инспекциски служби, донесени се 28 решенија за забрана за работа на oбјекти без лиценца или поради неисполнување на условите и 12 решенија за отстранување на неправилности за прекршоци утврдени согласно Законот за угостителство.
Инспекциските служби по налог на Владата контролирале субјекти на различни активности по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за кој веднаш беше утврдено дека нема дозвола, односно има фалсификувана лиценца.
Во пожарот загинаа 59 претежно млади лица, додека речиси 200 беа повредени, при што двајца починаа подоцна при хоспитализацијата во Литванија.