Затвореници ископале тунел долг 37 метри и избегале од затворот

meksikozatvorreuters1

Во затвор во Мексико, 29 затвореници ископале тунел од 37 метри и избегале од затворот, а за време на бегството убиле едно лице при кражба на возило.

Полицијата досега фатила 12 затвореници кои се вратени во затворот.

Она што е проблем во мексичките затвори е пренатрупаност, корупција и контрола на затворениците.

30 чувари од затворот во моментов се под истрага, а властите побарале помош од соседните држави, за побрзо наоѓане на избеганите затвореници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.