Денеска (10.07.2023) во 00.15 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари.
При извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и алати со кои е извршена тешката кражба, а притоа било констатирано дека се бара по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп за доиздржување на казна затвор од 4 години и 9 месеци.
По целосно документирање на случајот од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар ќе биде поднесен соодветен поднесок.