Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлов е тешко повреден во вооружен напад во Анкара кој се случил околу 19.10 часот, пренесува Турскиот весник Хуријет.
Нападот се случил на отворањето изложбата на фотографии „Русија низ очите на Турчин“, известува турскиот телевизиски канал НТВ. Карлов итно бил пренесен во најблиската болница.
Засега нема официјална изјава од Руската амбасада во Анкара.
Очевидци сведочат дека Амбасадорот бил мета на нападот. Според последните извештаи полицијата суште разменува оган со напаѓачите. Карлов бил итно пренесен во болница по нападот, според Турските медиуми.
Според извештаите амбасадорот е во критична состојба.
Нападот следи само еден ден по објавувањето на посетата на турскиот МНР Мевлут Чавушоглу во Москва на разговор за Сирија со неговите Руски и Ирански колеги.