-Денес остваривме средба со наградените и избраните, Најдобар наставник од основните училишта од општина Прилеп – Милан Јаковоски, Најдобар наставник од средните општински училишта – Блаже Димески, Најдобриот воспитувач – Лидија Стојаноска и Најдобриот неговател- Александра Шипинкоска-Стојаноска од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп. Оваа година за првпат според новиот правилник преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, доделивме симболични финансиски награди за нивните остварени успеси и вложен труд – информираше на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
-Со овие признанија, ние не само што ги вреднуваме нивните заложби и напорна работа, туку и вложуваме во иднината на нашето образование. Ваквото признавање служи како поттик за сите нас да се трудиме повеќе и да обезбедиме поквалитетно образование за нашите најмлади. Со почит, посветеност и заеднички напори, ќе продолжиме да ги поддржуваме и наградуваме оние кои се вистински темел на нашето општество – напиша Јовчески.