ЗАСЛУЖЕНО! Игор Карачиќ прогласен за МВП на фајнл фор турнирот во Келн

Игор Карачиќ е прогласен за МВП на фајнл фор турнирот во Лигата на шампионите.

Карачиќ беше моторот кој го предводеше Вардар до втората титула во клубската историја, постигнувајќи пет погодоци во дуелот против Барселона и три во финалето против Веспрем.

Иако со Барселона се здоби со повреда поради која мораше предвреме да го напушти натпреварот, Карачиќ собра сили и настапи во финалето. Погодуваше во клучни моменти, а неговите асистенции беа милиметарски точни.

Титулата најдобар стрелец ја понесе поранешниот вардарец Алекс Душебаев, кој сезонава постигна 99 голови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.