Советникот во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, стопанственикот Диме Бозоски, е нов заменик градоначалник.
Градоначалникот Борче Јовчески ја донесе оваа одлука по изборот на Ирена Стерјовска за Претседател на Советот.
Бозоски е еден од омилените советници во Советот кај прилепчани, пред се поради неговата посветеност кон барањата на граѓаните, а добро е познато и тоа дека тој и неговиот сопартиец, Д-р Кире Јоноски, хонорарите кои ги добиваат од советничката функција ги донираат во добротворни цели.
Заменик градоначалникот на општината се избира од редот на советниците, а одлуката за тоа ја носи градоначалникот. Неговата задача е да го заменува првиот човек на општината во случај на неможност да ја извршува функцијата.