21 нов доктор по општа медицина и еден доктор по стоматологија, добија решенија за вработување во прилепската болница “Борка Талески”.
Новопримените доктори, млади професионалци со свежа енергија и силна посветеност кон медицинската пракса, ќе бидат распределени во различни служби согласно потребите на установата. Нивното приклучување ќе овозможи поквалитетна, побрза и подостапна здравствена грижа, како и дополнително растеретување на постојниот медицински кадар.
-Нашата болница продолжува да инвестира во развојот на човечките ресурси, знаењето и професионализмот, со цел континуирано подобрување на здравствените услуги и обезбедување високи стандарди во третманот на пациентите. На новите колеги им посакуваме успешна работа, професионални успеси и заеднички придонес кон здравјето на нашите сограѓани – стои во соопштението од болницата “Борка Талески” Прилеп.
























