“Зараза од непотизам и во двојазично Кочани? Напаѓа само функционери од СДСМ?”

Eпидемијата на непотизам на власта има уште едно жариште, и тоа денес ќе објавиме за Кочани. Практично со оваа епидемија на непотизам од страна на СДСМ е заразена целата држава, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Лажниот морал и целото лицемерие на власта исплива на површина, после само две години од владеењето на СДСМ. Мира Дизел, методот на вработување во СДСМ е правило на работа, а не случајност. Роднините на функционерите на СДСМ се вработуваат под државна капа, на трошок на граѓаните претворајќи ја државната администрација во партиско семејна фирма од каде што сите цицаат дебели хонорари. Еден од многуте примери за оваа епидемија во Кочани е кој друг ако не повторно пратеник од редовите на СДСМ од Кочани, и тоа Сашко Костов. Според кои критериуми токму сопругата на Костов се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“?. Втор случај е претседателот на Советот на општина Кочани, Томе Солевски, чија сопруга се вработила во Државното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Трет сомнителен случај е поранешниот пратеник на СДСМ од Кочани, Миле Андонов, чиј син се вработил во УЈП во Кочани, запраша Арсовски и додаде:

„Нема ли други граѓани во Кочани кои исполнуваат услови за вработувања во оваа институција со надпросечни примања, па морало синот на бившиот пратеник да биде избран за ова работно место? Има уште огромен број други случаи кај што функционери од власта во Кочани исто така се заразени со епидемијата на непотизам. Дали е точно дека и мајката на советникот во Кочани од редовите на СДСМ, Ѓорѓи Алексов се вработила во детската градинка „Павлина Велјанова“? Дали не е случај на класична злоупотреба вработувањето на советничката во Советот, Гордана Антова во Средното општинско училиште „Ѓошо Викентиев“, училиште кое е директно под ингеренции на општината во чиј совет членува и таа истата? Дали не е лицемерие СДСМ да говори за морал, а советничката на СДСМ во Советот на општина Кочани, Емилија Серафимова да се вработи токму во Центарот за јавно здравје, а уште и нејзината мајка да се вработи во МВР во Кочани?“.

Ова, потенцира тој, е се, само не е морал којшто пробуваат да го шират СДСМ.

-Принципот на СДСМ ако пројде-пројде соочен со критиките на јавноста сега лажно се морализира. Прашањето дали морал секој функционер на СДСМ да си вработи некој близок во државна институција, а не дали имаат лажен морал кој сега на јавноста им го продаваат како некојси висок чин на етичност. Срамота! Секој дополнителен коментар е непотребен. Сега потребно е само да си дадат оставки цело СДСМ, да се тргнат од Владата и да ја остават државата на граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.