Започнa манифестацијата ,,Прилепско културно лето,,

1

Со отворањето на изложбата ,,Момент,, од вајарот Емил Солески во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,, започна традиционалната манифестација ,,Прилепско културно лето,,.
Пред сограѓаните уметникот Солески се претстави со осум дела изработени во камен.

Годинашната манифестација ,,Прилепско културно лето,, ќе трае до крајот на август. Ќе бидат реализирани бројни културни настани.
На посетителите ќе им бидат понудени доволен број настани за да го задржат нивното внимание ова лето. На различни простори ќе се одржат бројни концерти, изложби.

[Best_Wordpress_Gallery id=”299″ gal_title=”KulturnoLeto2016″]

По изложбата на нашиот сограѓанин, следат и други поставки од еминентни македонски уметници. Идната недела е концертот на исклучително добриот хор Св. Злата Мегленска, потоа концертот на харфа со Мерсиха Шукри, концертот на Арт либитум трио… Тука неизбежно е и интернационалната ликовна колонија Дрен со учество на уметници од земјата и од странство, која годинава ќе се одржи во просторот на Центарот, во ликовното ателје и во дворот, како и значајната единствена манифестација Изворен фолклор на балканските народи.

Настаните се реализираат со средства од ЦК, и од Министерството за култура, со поддршка на општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.