По одложувањето на 1 јули, денеска треба да се одржи судското рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица.
Јовановски, кој посочи дека Луј Витон торбите завршиле кај Заеви, е осуден за случајот „Peкет“ и денеска треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје.
Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.
Јовановски е обвинет за измама и пepeње пари. Ременски – екс потпретседателка на СДСМ, пратеничка и потпретседател на Собранието на РМ, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и пepeњето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во пepeњето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со opyжje.
Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Peкет“.
Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.