Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и британската премиерка Тереза Меј пред одржување на самитот на ЕУ. На тој состанок ќе се разговара за последиците кои настанаа со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
Лидерите на земијте членки на ЕУ, освен Тереза Меј, ќе се состанат на 16 септември во Братислава и ќе разговараат за последиците од референдумот во Британија.
Од кабинетот на Туск е соопштено дека тој ќе одржи работна вечера со Ангела Меркел на 18 август.
Другите средби, чии детали не се објавени, ќе бидат со лидерите на Луксембург, Ирска, Летонија, Литванија, Естонија, Шведска, Малта и Шпанија.
Туск изјави дека планира да се консултира со сите лидери на државите членки за можните идни реформи пред самитот во Братислава.