(Фејсбук објава на професорката Тања Каракамишева)
“Вчера, во седиштето на Обединети Нации во Женева, во пресрет на Советот за човекови права, а за време на годишната средба на независни екеспрети и специјални репортери за човековите права на Обединети Нации, беше доставена ЖАЛБАТА од Граѓаните на Република Македонија, со над 11,000 потписи, за заштита на името на Република Македонија, како и на нашите културни права, вклучително и јазикот, етничкиот идентитет, националниот идентитет и историјата на Македонскиот народ. Во оваа жалба учествуваа и придонесоа граѓаните на Република Македонија на волонтерска основа, како и голем број невладини организации во Република Македонија и ширум светот. Изразуваме голема благодарност на сите оние оние кои учестуваа во оваа акција за заштита на нашата татковина и нашите основни човекови права.
ЗАПОМНЕТЕ ГО 8 ЈУНИ 2018 година!
8 како симбол на вечноста!
ПРАВНАТА БИТКА ЗАПОЧНА, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!”