Со изложба на инсталација на Мирна Арсовска и Дејан Буѓевац во недела од 20:00 часот во ликовната галерија ЦК,,Марко Цепенков“ ја стартува годинашната деветта по ред ликовна колонија Дрен. Од годинава колонијата има мултимедијален карактер и ќе се одржува во ликовното ателје и во дворот на Центарот.
На колонијата, вели Тони Чатлески, директор на Центарот, освен сликарството ќе бидат застапени и сите модерни форми на уметноста, а ќе учествуваат 20 уметници од Прилеп, Македонија и од Русија и Србија.
До 23 јули, кога ќе биде затворањето на колонијата и преставувањето на создадените дела, на колонијата Дрен ќе творат нашите сограѓани Емил Солески, Верче Николоска, Васил Костов, Кирил Гегоски, Александар Џинго, Билјана Бинчев, Марјан Стојаноски, Мирна Арсовска (Македонија), Рада Тихоновскаја( Русија) и Јошкин Шикљан, Мирослав Живковиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Светлана Карма и Снежана Манасиќ (Србија).
Ликовната колонија Дрен е дел од манифестацијата Прилепско културно лето, што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков“.