Започнва битката во ЦДУ: Kој ќе ја наследи канцеларката Меркел?

Партијата на германската канцеларка Ангела Меркел ја започна виртуелната партиска конференција еден ден пред гласањето, што е прв чекор кон изборот на нејзиниот наследник.

Во воведното обраќање Меркел повика на единство на членовите на партијата и порача посакува партијата и понатаму да биде водена од тим, а не од поединец.

“Се надевам дека ќе биде избран тим кој во свои раце ќе ја преземе судбината на нашата горда партија и ќе соработува со членовите за да се пронаоѓаат вистинските одговори на задачите во иднина”, рече германската канцеларка.

Трката за челното место на Демохристијанската партија (ЦДУ) е неизвесна, а се води меѓу: Армин Лашет, премиерот на најголемата германска сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, корпоративниот адвокат Фридрих Мерц и експертот за надворешна политика Норберт Ретген.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.