Започна целосната реконструкција на Блок А од студентскиот дом “Гоце Делчев“, со што се продолжуваат инвестициите во насока на подобрување на условите на студентите кои што живеат во овој студентски дом.Министерот и заменик министерот за образование и наука, Адеми и Ристовски, денеска извршија увид на градежните работи кои што започнаа де се одвиваат во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Вредноста е околу 1,5 милиони евра а рок за изведба е 6 месеци, појасни Адеми.Започната е и постапка за снабдување на студентските домови со нови лифтови, вкупно 8 од кои за студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ 2 за „Никола Карев“ во Охрид еден лифт а за студентскиот дом „Хоце Делечв“ еден лифт и за „Пелагонија“ 4 лифтови.Покрај тоа, ќе биде набавен и мебел за сите студентски домови во Република Македонија.