Започна сезоната на лов на змии во Босна: Се заработува по 25 евра за една, а за отровните многу повеќе

Со доаѓањето на пролетните месеци и почетокот на работите во полето, се појавуваат и змиите.

Се почестите средби на луѓето со влечугите во Босна се објаснува со тоа што луѓето оваа година во многу поголем процент се одлучиле да ја обработуваат земјата, па поради тоа и змиите се се’ почести гости во полињата.

Најдолгата која досега е уловена била долга 175 цм, пишува хрватскиот весник “Јутарњи”.

Kako и во Македонија, така и во Босна и Херцеговина, најопасната змија е поскокот, потоа црностригот, кој на овие простори има две подврсти и планинскиот жолтокруг чиј убод е еднаков на убод од пчела и не остава трајни последици.

Токму поскоците се повеќе се појавуаат, пишуваат медиумите во Босна и Херцеговина.

Познато е тоа дека за да се направи противотров потребен е змиски отров, па поради тоа некој мора да ги фати.

Затоа Босанците и оваа година се пуштија во лов, пишува “Јутарњи”.

Своевремено, првиот човек на ветеринарната станица во Мостар, Стјепан Пргомет рекол дека фаќањето на поскок може да донесе награда до 50 евра.

Соговорниците за “Јутарњи”, рекле дека без проблем можат да се заработат по 25 евра за една змија.

“Претходно постоеа договорите со фармацевските компании кои го откупуваа отровот. Денеска такви договори се реткост, а потоа тие кои ги фаќаат змиите работат со оној со кој имаат договор. Работата е опасна, но може многу добро да се заработува”, вели познавач на состојбите.

Инаку, змискиот отров не е важен само за добивање на противотров, туку и за лек. На пример, традиционалната медицина отровите ги користи за лечење на различни болести, од коските до кожата.

Во денешно време отровите и поскоците, како и останатите отровни змии надвор од Европа, интензивно се истражуваат и се следат нивните влијанија за лечење на последиците од различни состојби, од срцев до мозочен удар. Колку и да е опасна работата да се фатат отровници, толку истата е профитабилна и корисна за спасување на животите на луѓето.

Весникот потсетува на Драго Лечиќ од Жрвња кој во својата кариера уловил повеќе од 500 поскоци.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.