По петти пат градот под Марковите кули е домаќин на планинскиот маратон Krali Marko Trails. Градоначалникот Марјан Ристески ја отвори манифестацијата и го означи стартот, тој пред медиумите посочи дека Прилеп и оваа година е домаќин на планинскиот маратон Krali Marko Trails, пријавени се за учество 170 луѓе од 7 различни држави и уште еднаш докажавме дека градот Прилеп од година во година прераснува во се поголем поддржувач на екстремните спортови.Инаку ова е најдолгиот ваков планински маратон во Македонија. Оваа трка е влезена во светските листи на планински трки.