Лотаријата за зелена карта за 2020 година, со која се овозможува легален постојан престој во САД, започна во средата минатата недела во 18 часот, а завршува на 6 ноември, исто така во 18 часот, соопшти Американската амбасада во Скопје.
Заинтересираните можат да се пријават на официјалната веб страница www.dvlottery.state.gov, каде што можат да се видат сите потребни податоци и информации.
The #DV2020 Diversity Visa Lottery program is open for entry from Oct 3 – Nov 6, 2018. The ONLY way to enter the lottery is through ? https://t.co/Zhwlr4Ehdw. pic.twitter.com/P67zhQYmyE
— US Embassy Macedonia (@usembassymkd) October 2, 2018
Од Амбасадата на САД потенцираат дека за пријавување во програмата не се плаќа административна такса.