Започна лидерската средба во Вила Водно

Започна лидерската средба во Вила Водно на која лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски треба да го договорат датумот за одржување на предвремените парламентарни избори. Со тоа ќе биде договорено и кога премиерот Заев ќе поднесе оставка и ќе биде формирана нова техничка влада според одредбите од Пржинскиот договор.

Откако Европскиот совет во петокот не ѝ додели датум на Македонија за почеток на преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предложија брзи предвремени избори, на кои ќе им претходи техничка влада 100 дена пред нивното одржување.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека ќе го прифати предлогот на премиерот Заев за брзи предвремени избори, но и тој не кажа датум за нивно одржување.

„Кога тие би се одржале не зависи од мене, но ставот на мојата партија е јасен, избори веднаш со почитување на законите за формирање на техничка влада“, рече Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.