Петтиот ракометен камп “Кирил Лазаров 7” започна покрај Охридското Езеро во склоп на комплексот од хотелот “Аквалина”.
Од вчера пристигна првата смена која брои околу 200 деца од неколку земји, а тие ќе тренираат на четири терени и базен.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Кирил Лазаров, во соработка со својот тим, КМГ агенцијата и голем број домашни тренери, од првиот момент присутен на кампот, со цел на младите надежи да им пренесе дел од своето непроценливо ракометно искуство и да овозможи овие денови да бидат незаборавни.
Кампот се организира во две смени и ќе трае до први јули.