Започна изградбата на водoводот до манастирскиот комплекс “Трескавец”

Oткако Секторот за Урбанизам при Општина Прилеп ја подготви техничката документација за изведба, вчера после повеќе години чекање започна изградбата на водоводната линија до манастирскиот комплекс „Трескавец„.

Општината како носители на овој проект, за изградба на манастирскиот водовод, задолжена за изготвување на инфраструктурниот- урбанистички проек, со ребалансот на Буџетот, успеа да издвои три милиони денари за кофинансирање на овој значаен проект за „Трескавец“, како културно наследство на градот. Проектот, обнова на изгорените конаци и изградба на водоснабдителниот систем за манастирот е повеќе од една деценија и чини 100.000 евра. Предвидените средства, за отпочнување на овој цел проект ги обезбеди Светска Банка преку ТАВ Македонија. А, ТАВ Македонија ,како изведувач беше и е задолжен за изнаоѓање подизведувач кој ќе ги врши градежните активности.

-Еден од најголемите недостатоци беше недостигот на вода кој што конечно ќе го надминиме затоа што се наоѓаме во почетна фаза на реализација на проектот за изградба на водоводна линија до манастирскиот комплекс.
Имав прилика да видам дека се работи на подлога за резервоар и обезбедување на пристапен пат за трасата која што ќе биде контролирана од страна на археолошки надзор, поради тоа што самиот проект поминува низ античката населба „Колобаиса“. После толку години изградбата на водоводот и канализацијата во Трескавец ќе придонесат за полесно и подобро одржување на манастарскиот комплекс, а со самото тоа оваа наша прекрасна убавина под Златоврв се надеваме дека ќе привлече уште повеќе туристи во Прилеп – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.