Започна долгонајавуваната реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” (Фото)

Долго најавуваниот проект за реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” на потегот од кружниот тек “Карпалак” до поранешна градска кафеана и од градска до кружниот тек кај поштата – како што беше најавено, започнал да се реализира.

Ова синоќа го соопштиле градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, на средби со граѓаните од урбаните населби “Гоце Делчев” и “Центар”.

Според она што може да се види на булеварот, заградена е дел од пешачката зона, а како ќе се одвиваат работите ќе видиме за скоро време.

Јавноста веќе се интересира кои фирми ќе го изведуваат проектот, а се очекува Локалната самоуправа да ги соопшти и да постави табла на која ќе бидат истакнати цената на проектот и изведувачите на истиот.

Проектот со реконструкција на булеварот “Гоце Делчев” беше најавуван повеќе пати од локалните власти, а последната најава беше дека ќе започне да се работи кон крајот на минатата година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.