Започна Дервенската тура во Прилеп

_MG_9854-001

Со пријавување на стотината учесници на плоштадот „Александрија“, денеска по втор пат се оддржа Дервенската тура. „ДЕРВЕНСКА ТУРА“ го опфаќа живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка.

_MG_9746

_MG_9722

_MG_9748

_MG_9750

Оваа година оваа тура се оддржува по втор пат посочи Душко Димкоски, организатор на настанот кој воедно им се заблагодари на општина Прилеп за несебичната поддршка.

_MG_9778

_MG_9766

_MG_9760
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека од година во година има се повеќе велосипедисти, ентузијасти кои го користат велосипедот како основно превозно средство.

_MG_9841

_MG_9844

Дервенската тура се одвива во две тури: мала и голема. Малата тура е со должина од 35 км и висинско искачување од 870м, а големата тура која ќе започне од Дервен ќе биде со должина од 45 км и искачување од 950 метри.

_MG_9796

Организаторите посочија дека, турите ги водат лица означени со РЕФЛЕКТИРАЧКИ ЕЛЕК и за СЕКОЈ ПРОБЛЕМ, учесниците ќе можат да се обратат кај нив.

_MG_9858




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.