Започнаа градежните работи за изградба на новата балон сала во дворното место на ОУ “Гоце Делчев”. Градоначалникот Ристески го посети основното училиште посочувајки дека новата спортска балон сала ќе биде вистинска атракција и можност повеќе да се зголеми број на спортски рекреативци кои сакаат во слободно време здраво да се изградуваат. Покрај децата за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе имаат можност да ги користат новите услови за спортување.