Започна асфалтирањето на планинскиот превој Плетвар – Ќе се правеле подготовки и за автопат Прилеп-Битола (Фото)

На делницата од Фариш до Прилеп на магистралниот пат Прилеп-Градско започна поставувањето на нов асфалт, со што ќе бидат обновени 19 километри од оваа делница на патот. Станува збор за финансиска конструкција од околу четири милиони евра наменети за рехабилитација на 3 тата делница од магистралниот пат Градско – Прилеп.

„Експресниот пат се работи во две фази од Градско до Дреново и Дреново – Фариш. Ова е третата делница на која моментално работиме на нејзината рехабилитација на постојниот патен правец. Имаме и проект кој привршува, а тој проект значи и проширување на трета лента на сите позиции каде што има две ленти и ќе започне во наредната фаза,“ посочи денеска при увид во градежните работи Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

На социјалните мрежи министерот најави подготовка на автопатското решение за делницата Прилеп – Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.