На 05.04. 2016 година започна вториот циклус од огласот за самовработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, преку кој граѓаните ќе можат да аплицираат за неповратни финансиски средства со цел да отпочнат свој сопствен бизнис.
Условите за добивање на грантот се лицето да е активен барател на работа и да има одржлива бизнис идеја, лесно изводлив и реален бизнис план.
Бенефитите на лицата се тоа што добиваат неповратни средства кои што можат да ги искористат во опрема и репроматеријали. За отпочнување за секој бизнис потребни се средства и Владата ги субвенционира невработените лица со 185 илјади денари неповратни средства со можносот за вработување на уште едно лице во бизнисот и дополнителни 92 илјади денари. Заинтересираните невработени лица на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 30.04. 2016 година во центарот за вработување во Прилеп. Деновиве Агенцијата за вработување има зголемена работна активност, што е резултат на новообјавените огласи од мерките на оперативниот план на Владата на Република Македонија како што се:
– Обука за возачи за Ц и Е категорија
– Обука од областа на туризмот
– Обука од областа на обезбедувањето
– Програма за самовработување на лицата со инвалидност
– Обука за основни вештини за вработување на млади лица до
29години (компјутери и странски Јазици).