Пред некој ден добивме следната порака:
“Добар ден. Јас сум Игор Петков од Радовиш, љубител на спортот и колекционер. Во пресрет на репрезентативниот собир, дали има можност да се оствари посета и лично потпишување на колекционерски картички / сликички од фудбалерите? Поздрав и убав викенд“ – напишаа од Фудбалската репрезентација на Македонија на социјалните мрежи.
-Помисливме…неколку картички, пар сликички, 10-на минути. Тхе Енд. Е па, неговата пасија, која ја дознаваме дури сега, е многу поинтересна отколку што очекувавме – стои во објавата.
Од Сократ Мојсов, Симоновски – Џина или Кирил Дојчиновски, преку Панчев, Бабунски, Станојковиќ, Истатов и трофејниот Вардар, до Пандев, Барди, Адеми и сите актуелни репрезентативци. Колекција – злато вредна и мелем за фудбалските носталгичари.
Инаку, Игор по професија е градежен инженер, поранешен ракометар на Радовиш, сопруг и татко на три деца.
“Сопругата немаше да ја трпи мојата пасија кон колекционерството на картички и сликички од фудбалери, да ја немав поддршката од децата“. – вели Игор.
Погледнете го видеото во продолжение: