Заменичката министерка од Битола со набиена агенда во Прилеп (ФОТО)

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, вчера оствари работна посета на општина Прилеп, каде се сретна со градоначалникот Борче Јовчески.

Трајков во Прилеп ги промовираше можностите за поголема искористеност на европските фондови во реализацијата на планираните проекти во општините. Новите повици за искористеност на европските фондови се очекува да бидат распишани оваа есен од страна на Европската Унија, а се одлична можност секоја општина активно да се вклучи во можностите за нивно искористување.

Заменик министрката заедно со градоначалникот го посетија ООУ „Добре Јованоски“, каде што се изгради мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка на УНДП, во рамките на проектот „Зајакнување на националните и локалните системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“, а исто така го посетија и новото инклузивно игралиште во паркот на Могилата на непобедените!

На крајот од посетата, Трајков и Јовчески ја посетија и компанијата „Бимфуд ДОО“, компанија која преку ИПАРД средствата се модернизира и го подобрува своето производство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.