Во петокот, на 16 јуни, замениците амбасадори на Кралството Шпанија и Италија во Македонија, Ернесто Хередеро Дел Кампо и Марио Де Роза, во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, ја промовираа збирката поезија насловена како “Македонски погледи”.
Интересно е тоа што двајцата се дипломати се и автори на ова дело, а книгата е напишана на четири јазици.
Промотори на настанот беа Дарко Ангеловски и Клементина Ѓорѓиоска, а стихови од книгата читаше актерот Игор Трпчески. На настанот присуствуваше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, кој имаше свој поздравен говор.
Еден несекојдневен настан на кој двајцата дипломати пријатели на Македонија уште еднаш ја покажаа својата наклонетост и почит кон нашата држава и нашиот народ.