ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЉУПЧО ПРЕНЏОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSC00215 (Copy)

Денес во просториите на општина Кривогаштани присутен беше заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов, кој оствари средба со градоначалникот на општината Тони Заткоски, со цел информирање за идните планови и проекти на Министерството за локална самоуправа, како и следење на активностите кои ги презема општината во однос на прекуграничната соработка со Грција и Албанија. Министерот безрезервно ја понуди својата поддршка и помош за развојот на општина Кривогаштани преку реализација на проекти во надлежост на Министерството, како и проектите од прекуграничните програми и повиците за соработка кои се во тек.
 
Општина Кривогаштани во моментов разработува неколку идеи за аплицирање на тековните повици и повиците кои треба да излезат за краток временски период, со што се отворени нови можности за прилив на средства за реализација на повеќе проекти во општината.
DSC00235 (Copy) DSC00214 (Copy)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.